Над три милиони денари вложи Владата за училишта во Шуто Оризари

По камен-темелникот за ново училиште во Кисела Вода и отворање на ново во Бутел, денес претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на ново средно училиште и доградби на два ката на две основни училишта во општина Шуто Оризари.

Станува збор за вкупна инвестиција од 3.100.000 евра.

Новото средно училиште, прво во општината е инвестиција од 85 милиони денари, сместено на површина од 4405 метри квадратни. Има 12 училници, 4 кабинети, голема фискултурна сала, читална и библиотека.

Македонскиот премиер ги посети двете ново-доградени двокатни училишта. Во ОУ „26-ти јули“се инвестирани 31 милион денати на просторни услови за 270 деца. Таму се изградени 9 нови училници, помошни простории на два нови ката. Владата инвестираше и во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“. Во ова училиште сега има простор за дополнителни 560 ученици во 21 училница на два ката. Станува збор за инвестиција од 75,4 милиони денари.

- Секое училиште ќе понуди настава за повеќе образовни профили во рамките на здравствената струка, градежно-геодетска струка, лични услуги, угостителско-туристичка струка, економско-правна струка и трговска струка. Верувам дека многу млади луѓе ќе се пронајдат во овие струки и од клупите на ова училиште ќе произлезат многу квалитетни кадри на кои ќе се гордее цело Шуто Оризари, целата ромска популација и цела Република Македонија, истакна премиерот.

Владата на Република Македонија вложи огромна сума на пари во образованието во оваа општина. Но, за Шуто Оризари е направено многу повеќе и спроведени се проекти кои за прв пат се прават во општината.

-За првпат отворивме ромски информативен центар со цел да ги информира граѓаните за важни работи од областа на вработувањето, домувањето, здравството, образованието и други области. За првпат воведовме Роми медијатори кои треба да му помагаат на населението во разни области, но и да се залагаат за решавање на конкретни проблеми на граѓаните во општината и во самите институции. За првпат воведовме здравствени медијатори односно луѓе кои даваат помош и поддршка на граѓаните за остварување на нивните права од здравствената заштита. За првпат се воведоа стипендии за средношколците Роми кои се редовни ученици и не ја повториле годината во текот на нивното образование. Покрај стипендирањето, за првпат обезбедивме дополнителна помош за средношколците Роми преку менторство и туторство со цел постигнување на повисок успех во школувањето. Во рамките на проектот на Владата за решавање на проблемот со бесправно изградените објекти за првпат жителите на Шуто Оризари добија можност да си ги легализираат дивоизградените домови и објекти. За првпат изградивме повеќенаменско спортско игралиште, средно училиште во Шуто Оризари, за првпат започнавме со целосно решавање на проблемот со водоснабдувањето кое целосно и сеопфатно ќе го реши овој проблем долгогодишен децениски проблем за граѓаните. Овој месец ќе започнеме со изградба на првата голема спортска сала во вашата општина. Во рамките на овој проект веќе имаме избрано изведувач и надзорен орган и во текот на овој месец веднаш по добивањето на дозволата за градба ќе започне со изградба и новата спортска сала. Тоа ќе биде уште еден датум за паметење и уште еден голем настан за одбележување. Почитувани присутни, вие добро знаете дали некогаш се направени толку многу нови работи во Шуто Оризари, потенцира Груевски.

Премиерот посочи дека за овие проекти се работело тимски. Но, најупорен да се спроведе сево ова бил пратеникот Амди Бајрам кој се заблагодари на македонската Влада за упорноста и посветеноста.

-Од 2008-ма година во соработка со премиерот, тој ме праша дали има средно школо во Шуто оризари, јас викам нема.Тој ми рече „Амди од сега ќе има и ќе се гради“.Ова школо ќе беше изградено уште во 2010-та година, но проблем ни правеше градоначалникот кој беше од СДСМ, правеше опструкција и никако не даваше да се изгради ова училиште... Требаше да има донации од амбасади, но сите се откажаа, премиерот Никола Груевски рече „Јас не се откажувам, ќе најдам пари и ќе го градам школото за средно образование во Шутка“. Почна камен темелник, еве се изгради, рече Бајрам.

Пратеникот потенцира дека премиерот си го исполнил зборот даден кон граѓаните на Шуто оризари.

Инаку, во новото училиште ќе учат Македонци, Роми, Албанци, Бошњаци и ученици од други етнички заедници.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа