Наумовски: Докази прибавени на незаконит начин не може да се користат во кривична постапка

Доколку доказите се прибавени на незаконит начин тие не може понатаму да се користат во истражна, предистражна постапка, во било која фаза од кривичната постапка тие докази не може да се користат, нити пак врз основа на тие докази може да се заснова судска одлука, категорични се адвокатите.

-Како адвокат во предмети во кои сум учествувал, а и не сум учествувал, сум ги следел, во судската постапка често се практикува ваквото барање на одбраната преку овластените адвокати, бранителите, за издвојување на закони прибавени на незаконит начин и нивно отстранување од списите на предметот. Постојат значителен број на предмети во кои се уважува ова барање, тоа сум го имал и во мојата пракса, но има уште позначителен број на предмети во коишто не се усвоени ваквите барања, туку потоа во второстепена или третостепена постапка да се укинуваат тие одлуки со коишто се одбивани тие барања. Но, за жал, таквите судски одлуки не можат да ги поправат последиците од непримената на законот, смета адвокатот Димитар Дангов.

 

Според адвокатот Љубчо Наумовски, во конкретниов случај, доколку судијата на претходна постапка утврди дека доказите се прибавени на незаконит начин, без разлика во која фаза на постапката и да е следува носење на решение за издвојување на тие докази од предметот.

- Значи тие не може понатаму да се користат во истражна, предистражна постапка, во било која фаза од кривичната постапка тие докази не може да се користат, нити пак врз основа на тие докази може да се заснова судска одлука. Од тоа произлегува дека до фаза до завршување на истражната постапка такво решение носи судијата на претходна постапка, а натаму решение за издвојување на доказите по подигнување на обвинение носи Советот која ја цени законитоста на обвинителниот акт. Така да, сметам дека вака донесеното решение е законски, истакна Наумовски.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега