Македонија во портокалова фаза - препораки за заштита од високите температури

Да не се одржуваат спортски активности на отворено од 11 до 17 часот во регионите кои утре ќе бидат зафатени со портокалова фаза - Скопје, Куманово, Велес, Свети Николе, Штип, Радовиш, Кавадарци, Демир Капија, Струмица и Гевгелија, ниту децата од градинките да се изнесуваат на отворено или да практикуваат физичка активност во овој период, препорачува Министерството за здравство (МЗ). 

Според МЗ, би требало од работните обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Граѓаните од целата држава треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање терапија од страна на хронично болните лица.

Поради високите температури и зголемената можност од труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се  термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Во сите градови низ државата во соработка со здравствените домови се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат во текот на летниот период, секој ден од 18:30 до 21:30 часот. На пунктовите се мери крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега