Груевски на директи средби со граѓаните на Хром, Волково и Ново Село

Премиерот Груевски денеска изврши надзор на изградбата на улици во општина Ѓорче Петров, населба Хром, кои се дел од проектот за реконструкција на 16 улици. Овој проект се одвива со помош на Владата и за реконструкцијата се инвестираат 13 милиони евра. До сега се завршени 6 улици.

Премиерот Никола Груевски, оствари и средба со граѓаните на населба Хром.

Во директна комуникација со премиерот, жителите на Волково и Ново Село ги претставија своите проблеми, а на лице место беа договорени и решенија за истите.

Во Волково жителите го посочија проблемот поврзан со потребата од изградба на канализационен систем, а премиерот Груевски ги информираше жителите дека за овој проблем ќе се разговара на следната седница на Владата. Груевски побара од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во соработка со градоначалникот Сокол Митревски да ги разгледаат сите можности за изнаоѓање на средства за отпочнување за вакви проекти, не само за Волково туку и за другите населени места. Истовремено на средбите беше договорено да биде изграден и крак од фекална канализација и да бидат асфалтирани неколку улици во Волково.

На средбите со жителите од Ново Село, премиерот беше информиран за повеќе проблеми со кои се соочуваат жителите. Беа посочени проблеми за изградба на тротоари, а беше договорено да се пристапи кон решавање на ова барање на жителите.

Граѓаните побараа и надградба на училишниот објект, за што премиерот Груевски ги информираше дека овој проект ќе се реализира наредната година,а  во меѓувреме побара од заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и од градоначалникот Митревски до крајот на оваа година да се заврши со овој проект.

Жителите на Ново Село изразија благодарност за посетата од страна на премиерот и можноста за директни средби со него, на која исто така ја искажаа потребата од изградба на неколку улици.

По однос на ова барање на граѓаните, на средбата беше договорено една улица да се гради преку Град Скопје, а другите преку општина Ѓорче Петров.

За време на средбите повеќето граѓани од двете населени места разговараа со премиерот за повеќе проблеми и истакнаа дека ова е пример за тоа како се работи во интерес на решавање на проблемите на граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега