ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Американската полиција застрела човек во моментот додека се предаваше

Тексашката полиција ги разгледува видео снимките на кои може да се види убиството на човек во моментот додека се предавал на службите.

Снимката била направена од страна на локална телевизија на која може да се забележи четириесет и едногодишниот Гилбер Флорес од Сан Антони, како ги држи рацете кренати, а веќе во следниот момент го погодуваат два куршуми.

Човекот не покажал никаков знак на агресија, но сепак полицаецот се решил да пука во него.

Откако жртвата паднала на земја, не му била пружена медицинска помош, а американската јавност ваквиот чин го оцени како нов случај на полициска бруталност.

 

Полицајците јавиле дека во куќата на Гилберт Флорес, кој претходно бил осудуван за кривични дела, имало повредена жена и дете.

Тие исто така тврдат дека Флорес бил наоружан. 

 

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега