За многу години! Денеска е Св. маченици Агатоник Зотик и други

 

Светиот маченик Агатоник е христијански светител од 4 век. Живеел во Никомедија. Им предавал на Грците кои во тоа време биле пагани и ги учел за христијанство.

Од неговиот живот до денес е сочувана приказната за тоа дека на христијанска вера успеал да научи цело едно место - Желино во Макеоднија.

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник луто ги гонеше христијаните. При тоа гонење во некое место Карпин го фати Свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други. Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоумреа Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин. Во близината на Халкидон го убија Св. Северијан, а Агатоник и останатите беа одведени во Тракија, во местото Силимврија, каде што после мачења беа убиени со меч и влегоа во радоста на својот Господ.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега