Македонија влегува на светската филмска мапа - голем бенефит за државата

Во Македонија од 7 септември годинава ќе започне снимањето на францускиот игран филм „А Фонд“ во режија на Никола Бенаму, што претставува најголема странска инвестиција во областа на филмската индустрија досега во земјата.

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска на денешната прес-конференција по повод отпочнувањето на снимањето на филмот во Македонија истакна дека станува збор за проект со кој Македонија се претставува како нова и атрактивна филмска дестинација на мапата на светската филмска индустрија.

- Од денеска во нашата држава ќе се снимаат големи филмски остварувања што е резултат на заложбите на Владата која во изминатиот период интензивно настојуваше да ги промовира потенцијалите на нашата држава и да ги зголеми вложувањата во РМ. Организиравме многу кампањи. Со измените на Законот за филмска дејност ја олеснивме соработката со странските продуцентски куќи и анимиравме голем број еминентни продукции од целиот свет. Резултатите се денеска пред нас, рече Канческа - Милевска.

Таа нагласи дека овој филмски проект има огромни придобивки за Макеоднија, за афирмацијата и промоцијата на државата како филмски центар во меѓународни рамки. Економскиот бенефит за Македонија од реализацијата на филмскиот проект кој ќе се снима во наредните два месеца изнесува два милиона евра.

Инаку, во снимањето на филмот ќе бидат вклучени преку 100 професионалци од Франција и околу 400-ини филмски работници, статисти и придружни соработници од Македонија, кои, како што подвлекува, работејќи со врвната француска филмска екипа ќе ги унапредат и своите вештини.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски информира дека за потребите за снимањето на филмот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на обиколницата во Скопје на потегот од Хиподром до Сарај и на автопатот Велес - Градско при што граѓаните ќе бидат навремено информирани за тоа во кој период од денот и кои денови овие делници ќе бидат затворени за сообраќај.

Тој информира дека согласно потпишаниот договор, француската продукциска куќа ќе издвои 4,8 милиони денари за реконструкција на стариот пат Велес - Градско преку кој ќе биде пренасочен сообраќајот, како и 12,7 милиони денари средства кои Македонија би ги инкасирала од патарините доколку обиколницата би била отворена.

Според продуцентот на филмот, Марко Шеркуи, годишно нивната продукциска куќа „Шик Филмс“ снима 250 до 300 филмови, а француската филмска индустрија е трета во светот според бројот на остварени филмски проекти.

Министерката Канческа - Милевска најави дека покрај овој француски филм на продуцентската куќа „Шик Филмс“ ќе се снимаат и неколку други големи филмски проекти

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега