Подгответе се за вистинска есен: Следната недела голем пад на температурите

До крајот на неделава ќе се задржи сончево и многу топло време за овој период од  годината.

За денеска и за утре метеоролошката служба издаде предупредување од портокалова фаза како опасност од горештини на речи си целата територија на Македонија.

Позначителна промена на времето проследена со засилен ветер, пад на дневната температура и локален дожд се очекува од недела на пладне.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневни температури ќе бидат пониски за околу шест степени од денешниве и ќе продолжи да дува северниот ветер но со помал интензитет. Веќе во четврток ќе треба да го отворите плакарот во кој ја чувате есенската гардероба бидејќи се најавуваат дневни температури од 18 степени и врнежи од дожд. 

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега