Димовски ги повика пратениците на СДСМ на мнозинско одмерување

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на денешната седница која беше прва за опозиционерите од СДСМ во нивниот мандат после 15 месеци бојкот на работата на собранието, ги повика на соочување на избори организирани по класичен мнозински систем каков што има во Велика Британија. 

Димовски им подаде рака на избраниците од опозицијата да го погледнат народот во лице и на мнозински листи да му дадат шанса на најдобриот, оној што собрал реално најголем број гласови, да го претставува електоратот во Собранието на Република Македонија. 

„Јавно упатувам апел пратениците на СДСМ спротивно на одлуката на нивната партија да не бидат послушници на партиските одлуки, да прифатат понуда од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да изгласаме промена на изборниот модел во мнозински систем и сите директно во своите градови во своите населени места во своите општини директно да се соочиме како можност за да одмериме кои пратеници биле избрани со гласови а кои пратеници биле избрани без гласови.“

Димовски истакна дека токму преку ваквиот изборен модел може да се добие најреалната слика за желбата на народот по поедини општини, особено од помалите градови на Македонија.

„Па тогаш ќе видиме колку пратеници ќе има СДСМ од Прилеп, а сега ги има дури 2 во првиот ред. Ќе видиме колку пратеници ќе има од Битола, од Велес, од Охрид, од Штип, од Пробиштип, од Каменица, Крива Паланка, Куманово...“

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега