СТРАШНО: Медицинска сестра во болница тепа новородено бебе (вознемирувачко видео)

На Фејсбук се појави шокантна видео снимка од безбедносна камера во бугарско родилиште. На снимката се гледа како акушерката Емилија Ковачева (40) со раце удира новороденче, објави порталот LiveLeak.

Во еден момент жената го зема девојчето и го удира по градите. Го врати бебенцето во кревет, но бидејќи не се смири таа му зададе уште неколку удари. Девојчето Никол, старо само четири дена, заврши на интензивна нега бидејќи добило тежок потрес на мозокот и крварење во главата. Во критична состојба е, но докторите веруваат дека е во добри раце и дека ќе се опорави.

Акушерката од болницата Софиамед во главниот бугарски град се наоѓа во притвор. Ќе и се суди за обид за убиство.

Случајот ја згрози јавноста.

 

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега