Пекол зад луксузниот живот - бизнисмен и правел нешто страшно на својата 15 години помлада девојка

Дваесетипетгодишна девојка од Србија во полиција го пријавила 41-годишниот бизнисмен Д.С. со кој имала речиси две години врска, дека поради љубомора три денови ја држел во заложништво во неговиот стан, ја малтреирал и ја тепал, а последната година повеќе пати ја силувал.

Визнисменот кој е разведен од бракот има две деца, а живеел во станот со својата 15 години помлада девојка.

Со оглед на тоа дека тој е богат, двајцата живееле на висока нога. Купувале луксузна гардероба, често патуваа по светот и летуваа во најлуксузни хотели во Црна Гора, Хрватска, Италија, Монте Карло.., пишува српскиот портал Ало.

Меѓутоа, според нејзините изјави, тој бил многу љубоморен и последните три денови ја држел во заложништво во својот стан, а на почетокот на овој месец ја удирил и ја гризнал за образ. Тогаш наводно и рекол да го напушти станот, но не и дозволил да ја земе гардеробата која и ја купувал. Таа тогаш повикала полиција и пријавила физичко насилство, но и рекла дека последната година повеќе пати била силувана.

Постапката против бизнименот е во тек.

 

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега