Младо момче од Скопје украде „Лада Нива“ за да пренесува дрва од планина

Младо момче од Скопје извршило тешка кражба, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

Против 21-годишниот скопјанец А.Т. поднесена е кривична пријава.

Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од  осум дена. Имено, пријавениот на 24.08.2015 година, околу  00:25 на паркингот под железничката станица-Скопје, забележал паркирано патничко моторно возило „Лада Нива“ со велешки регистерски ознаки сопственост на В.М. по што со употреба на погоден предмет делувал на бравата од возачката врата ја отворил и влегол, а потоа со погоден предмет делувал на бравата за стартување го ставил во погон возилото по што го напуштил местото на настанот.

Го паркирал во гаражата која се наоѓа во дворот од неговиот дом, додека регистарските ознаки ги демонтирал и ги уништил. Потоа извршил замена на предните гуми и бандажи при што ставил стари бандажи и гуми, а извадените бандажи ги оттуѓил додека гумите ги спремил за продажба. Резервната гума со бандажот како и предните жмигавци ги извадил и демонтирал од предметното возило и истите ги оттуѓил.Така преправеното возило пријавениот го користел за сопствени потреби поточно превоз на дрва од блиската планина до неговиот дом. По добиени оперативни сознанија дека возилото се наоѓа во домот на пријавениот од страна на полициски службеници по судска наредба извршен е претрес при што пронајдени се две патнички моторно возила „Лада Нива“ од кои е утврдено дека едното е предмет на кривично дело , а додека кај другото возило бил исечен и отстранет бројот на шасија. При претресот пронајдени се и повеќе делови од возило „Лада Нива“ кои со потврда за привремено одземени предмети истите биле одземени.

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега