Притвор за двајца Скопјани поради продажба на хероин

СВР Скопје во два одвоени случаи до Основното Јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против З.Ј. (53) И М.Л. (31) и двете лица од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

МВР денеска соопшти дека судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Во првиот случај пријавениот З.Ј. во текот на минатиот месец од засега непознато лице набавил неодрена количина хероин која ја препакувал во помали паковки и ги држел во својот привремен дом и во неговото возило со  намера дрогата да ја препродава на лица-уживатели.

Од страна на полициски службеници од ЕНТ при СВР Скопје, на  28.08.2015 година околу  00,30 часот на бул.,,Борис Трајковски“ извршено е легитимирање и преглед над З.Ј. кај кого се пронајдени четири полиетеленски паковки со прашкастата материја, кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени од него и предадени на ОКТИВ при МВР на РМ за што е изготвено вештачење со кое е констатирано дека прашкастата материја во полиетиленските паковки преставува хероин со вкупна нето маса од 1.09 грама.

Со Наредба од Основен Суд Скопје 1 - Скопје извршен е претрес во престојувалиштето на пријавениот потоа во гаражата кој ја користел истиот и во неговото возило.

При извршениот претрес во гаражата пронајдени биле една кеса и стаклена тегла со непозната прашкаста материја, дигитални ваги, пар ножици, пластични туби и еден метален предмет по чии површини имало остатоци од непозната материја, 21 мобилен телефон, пари и еден лаптоп, а во возилото биле пронајдени една кеса во која имало три полиетеленски паковки со непозната прашкаста материја, една дигитална вага со остатоци од непозната материја и пари.  По направеното вештачење констатирано е дека се работи за наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 187.03 грама, како и мешавина од парацетамол и кофеин во вкупна нето маса од 494.6 грама.

Во вториот случај на 28.08.2015 година околу 15.00 часот М.Л.стапила во контакт со засега непознато лице и нарачала околу 50 грама наркотична дрога хероин којашто од страна на истото лице со мотор и била доставена до зградата каде што живеела. Вака набавената наркотична дрога-хероин ја однела во својот дом каде што ја чувала со намера истата да ја препродаде по повисока цена.

По добиено оперативно сознание, истиот ден околу 16,00 во влезот од зградата, М.Л. е забележана како во противпожарно сандаче- хидрант прикрива некаков предмет, за што од страна на ПС од ОЕКР-ЕНТ е легитимирана извршен е преглед на противпожарното сандаче во кое што е пронајдена една полиетиленска паковка со непозната прашкаста материја која со потврда за привремено одземени предмети е одземена и предадена на вештачење на ОКТ при МВР на РМ. Од изготвеното вештачење заклучено е дека одземената полиетиленаска паковка со вкупна маса од 50,25 грама претставува наркотична дрога хероин.

Од страна на ПС од ОЕКР-ЕНТ со М.Л. е извршен разговор во кој во целост го појаснила начинот на извршувањето на кривичното дело. Инаку против неа досега се поднесени четири кривични пријави за извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и тоа на подрачјата на град Скопје и Ресен. 

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега