УМС на ВМРО-ДПМНЕ организираше велосипедски мини- маратон во Битола

Младите од Битола учествуваа на велосипедски мини- маратон во должина од 30км, а во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола. 

Над 110 млади учесници на велосипеди, ја изминаа рутата долга 30км во околината на Битола и регионот.

Како што истакна и Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, должност на УМС е да го гради и поттикнува спортскиот дух и здравиот начин на живот, како што е должност на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да инвестира и гради спортски капацитети кои ќе им користат на младите.

- Конкретно во Битола, изградени се 4 спортски сали, 1 повеќенаменско игралиште, 2 фудбалски игралишта, 1 тениско игралиште, а во план се и други вакви капацитети. Ваквата сплотеност кај младите битолчани е мотивација и за младите од другите градови, истакна Нелоски.

 

 

Оцени ја веста

06.09.2015 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега