Изгаснат пожарот кај битолското село Ротино

Локализиран е пожарот кој избувна синоќа  кај битолското село Ротино.

Од Територијалната против пожарна единица-Битола информираат дека пожарот бил пријавен околу 20 часот, а локализиран во 23 часот.

СВР-Битола и пожарникарските служби констатираа изолиран случај во кој едно патничко возило се запалило во возење, но освен материјални нема други последици.

Во текот на денот надлежните служби ќе соопштат подетални информации за синоќешниот пожар, причините и последиците кои се регистрирани во битолското село Ротино.

Сообраќајот на магистралниот патен правец Битола-Ресен од пред неколку дена заради реконструкција е пренасочен по стариот пат што ги поврзува двете општини.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега