Прием на претседателот на Собранието по повод Денот на независноста

По повод Денот на независноста, претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски, вечерва ќе приреди свечен прием.

На приемот е поканет државниот врв на Република Македонија, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието на Република Македонија, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

Приемот ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија со почеток во 19:00 часот.

На приемот се покануваат акредитираните собраниски известувачи.

Се покануваат новинарски екипи, камермани и фоторепортери да го проследат настанот.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега