Голем број на мигранти се упатија кон Табановце

Од железничката платформа кај прифатниот камп во Гевгелија, само во текот на вчерашниот ден со седум специјални возови кон Табановце заминале околу 2.500 мигранти.

Според информациите од железничката станица во Гевгелија, првиот воз кон Табановце денеска заминал пред еден час со околу 1.000 мигранти, а следните ќе се упатуваат според потребите на прифатниот камп каде мигрантите кои пристигнуваат во Македонија се евидентираат пред да го продолжат патот.

Бројката на мигранти кои утрово од Гевгелија се упатија кон Табановце изнесува повеќе од 1.500 затоа што покрај возот,кон северната граница заминаа триесетина такси возила и неколку автобуси кои чекаат да бидат утоварени кај мостот на Сува река во Гевгелија.

Од грчка страна, мигрантите во прифатниот камп во Гевгелија пристигнуваат во групи од по 100 до 200 луѓе периодично што создава можност и време тие да бидат евидентирани, да им се даде здравствена помош доколку им треба и да се освежат пред да го продолжат патот.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега