Пензионерка и ја отвори вратата на „гатачката“ - тоа што ја снајде никогаш нема да го заборави

Гатачка дошла во станот на пензионерка од Бања Лука да побара чаша вода, а потоа за да ја тргне црната магија баела три сати. Кога заминала од станот украла 7.500 евра.

Божица Зариќ во петокот утрото преживеала вистински пекол кога на вратата и заѕводнила млада жена, наизглед бремена и ја замолила за чаша вода.

Божица во станот била со сосетката, а не ни се посомневала што им спрема. Добро припремената преварантка ја предупредила Божица за семејна ситуација. Знаела дека син и загинал, а и рекла дека за 15 денови ќе и загини и другиот ако не се ослободи од црната магија.

„Не ми бараше пари. Рече дека ќе земе само кафе. Се држеше за стомакот и се коленеше во детето дека не сака пари“, раскажа Божица за босанските медиуми.

Три часа траел ритуалот, а гатачката барала кафе, шерќер, свеќи. Ја терала Божица неколку пати да ги преброи парите. Ја пребарала цела куќа. Знаела дека пензионерката има долари. Сосетката ја испратила на врата и сфатила дека парите ги нема.

За брзо викнале полиција, но преварантката сеуште не е фатена.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега