Битолчанец се стекна со над 100.000 денари овозможувајќи неовластена сеча на дрва

Битолчанец дозволил да се сечат дрва за огрев од забранета парцела.

Полицијата во Демир Хисар поднесе кривична пријава против Л.И.(52) од Битола лиценциран работник за издавање одобренија на сеча во приватна шума и управител на ТП „Ивановски Раде Лазо“-Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот во својство на службено лице во текот на 2013 година спротивно на планот за забрана за сеча изработен од Заводот за уредување на шуми за периодот од 2010 до 2016 година, извршил ознака за сеча овозможувајќи им на шест приватни сопственици на катастарските парцели во атар на село Стругово – Демир Хисар да извршат сеча на огревно дрво во количина од 382 м3 и да се стекнат со имотна корист од 1.365.650 денари, а тој заради извршените услуги се стекнал со имотна корист од 117.984 денари.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега