Пуч: Заев потвротно не се појави на судење - обвинителот бара да му се одземе пасошот

Второто рочиште за случајот „Пуч“ и денеска се одложи, а лидерот на СДСМ Зоран Заев повторно не дојде во судот. Јавниот обвинител во случајот „Пуч“ денеска достави предлог до судот на Заев повторно да му биде одземена патната исправа.

Воедно, побара да му се укине мерката на претпазливост според која Заев требаше секој понеделник да се јавува во судот во Струмица.

По предлогот на обвинителот треба да се произнесе Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1.

Овој предлог на Обвинителството доаѓа една недела пред рокот до којшто треба да се избере специјалниот обвинител, кој според политичкиот договор треба да постапува по случаите „Прислушување“ и  „Пуч“. Заев во процесот „Пуч“ е четврто обвинет и се товари за насилство кон државни функционери.

На минатото судско рочиште Заев не се појави, изјавувајќи дека не го почитува судот кој, според него, е под целосна контрола на власта

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега