Граѓаните од кумановска Палестина револтирани од градоначалникот Зоран Дамјановски Циц - живеат во мизерија

Граѓаните на Куманово велат дека живеат во мизерија. Тие се револтирани од градоначалникот Зоран Дамјановски-Циц за кого велат дека не исполнува ништо што досега има ветено.

Кумановците кои живеат во населбата Палестина преживуваат голгота. Велат дека името на нивната населба кажува се оти тоа не е нормално место за живеење.

-Со години бараме од градоначалникот да ни го асфалтира патот кој кога ќе заврне дожд се претвора во бара која не отсекува од цивилизацијата. Целата населба нема канализација. Го молевме градоначалникот безброј пати и тој во неколку наврати ни вети дека ќе не приклучи кон канализационата мрежа. Но, како што можете да видите ништо од сето тоа. До кога ќе чекаме? Срамота е за општината што толку години нема слух за нашите проблеми. Цело време живееме во страв бидејќи населбата нема улично осветлување, па навечер избегнуваме да се движиме. Како да живееме во среден век, се жалат овие граѓани.

Голем проблем за нив е тоа што немаат имиња на улиците, ниту броеви за нив. Тоа им претставува големи тешкотии при вадењето на лични документи.

-Што треба да направиме за да живееме како нормални луѓе? Каде е градоначалникот да не посети, да покаже дека барем малку се грижи за жителите на оваа држава. Срамота е господине Дамјановски, доаѓате во Палестина еднаш во четири години само за да соберете гласови за ваш нов мандат, а после тоа како да не постоиме, истакнаа тие.

Граѓаните од Палестина му порачаа на Дамјановски дека овој пат неговата негрижа и незаинтересираност нема да му бидат заборавени.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега