Владата ќе одржи координативен состанок за проектите иницирани на средбите со граѓаните

На координативен состанок во Владата попладнево ќе се расправа за реализацијата на проектите чија цел е надминување на предизвиците на локалното население посочени при посетите на премиерот Никола Груевски на општините.

Службата за информирање на Владата најави дека премиерот Никола Груевски ќе одржи работен координативен состанок на кој ќе се разгледува степенот на реализација на проектите.

Во изминатиот период премиерот посети повеќе општини во државава при што на средби со жителите беше информиран за предизвиците со кои се соочуваат.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега