Градоначалникот молчи: Зошто игралиштата во Сарај ги чува под клуч и се недостапни за граѓаните?

Владата изминативе години изгради огромен број на спортски игралишта кои во употреба им ги предава на општините за истите да им служат на граѓаните. Но, дел од градоначалниците несовесно се однесуваат на штета на жителите, пишува Курир.

Според информациите кои граѓаните му ги предочија на премиерот Груевски, градоначалникот на Сарај на жителите на оваа општина им ја одзема можноста да го користат тениското игралиште во Шишево. Тој прво игралиштето го држел под клуч, а потоа биле извадени и мрежите, па игралиштето воопшто не ни може да им е во служба на жителите на сарајското село.

 -Игралиштето е направено а не работи, а зошто не работи не знаеме. Мислам дека има иницијатива од граѓаните но сепак не знаеме зошто не работи, вели жител на Шишево и додава дека децата пројавуваат интерес да го користат игралиштето.

Сличен е и случајот во село Љубин каде фудбалското игралиште изградено од Владата е одземено од граѓаните и градоначалникот одлучува за што и како ќе се користи.

Наместо фудбалски терен во кој тренираат деца и младинци, наместо публика која навива и свиреж на судија, на ова место денес има клуч на врата и затворен објект.

Сарај е мултиетничка општина каде жителите Македонци, Албанци, Роми и Бошњаци се ускратени од правото да спортуваат поради опструкцијата од градоначалникот.

Но, покрај ваквата ситуација, градоначалникот на Сарај, Беким Мурати, не одговара на телефонски повици и се крие зад камерите. Екипата на Курир го сретна во општината, но тој одговори дека ако граѓаните имаат некаков проблем, не треба да зборуваат на новинари, туку на него лично.

За разлика од овoј случај, во други општини градоначалници активно ги користат игралиштата и спортските сали кои ги гради Владата. Позитивен пример, градоначалникот на Сарај треба да си најде кај колегите-  градоначалникот Невзат Бејта на Гостивар или пак градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, кои во функција и употреба ја ставија спортската инфраструктура изградена од Владата.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега