Неколку пожари беснеат во Македонија

Во Република Македонија попладнево активни се три и локализиран еден пожар, покажуваат податоците на Дирекцијата за заштита и спасување добиени од подрачните одделенија за заштита и спасување.

Активен е пожар во општина Чашка, кај село Буслици и село Војници. Таму гори нискостеблеста и деградирана шума, а поради непристапен терен во гасењето на пожарот ангажирани се авионите на Дирекцијата за заштита и спасување и шест лица од Шумското стопанство.

Во истата општина локализиран е пожар над село Теово и село Плевиње. На лице место во гаснењето на пожарот ангажирани се од ТППЕ Велес со едно возило.

Активен пожар има и во општина Македонски Брод , кај  село Крапа м.в Царовец. Во пожарот опожарени се 40 хектари сува трева, нискостеблеста шума и смрека. На лице место во гаснењето ангажирани се пет лица од Македонски шуми. 

Во општина Пехчево  активен пожар има кај  село Црник и село Панчарево. Во пожарот гори борова шума, а  на лице место за гаснење на пожарот ангажирани се 18 лица од Шумското стопанство Равна Река, пет лица од ЈКП Комуналец Пехчево, десет припадници од Фагус Пехчево, две лица од Локалната самоуправа, четири лица од Шумското стопанство Голак Делчево, три пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Берово.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега