Навивачи направиле инцидент на Стража

Утрово на бензинската пумпа „Лукоил“, на превојот „Стража“, група засега непознати млади лица, кои патувале со автобус на една тетовска туристичка агенција, го нарушиле јавниот ред и мир. Според пријавата, некои извршиле кражба, а причиниле и извесни оштетувања на објектот, по што продолжиле со патување кон Кичево, информираат од СВР Тетово.

Според првични сознанија, група навивачи која патувала со пет автобуси и оделе кон Албанија на натпревар се симнале на бензиската станица и почнале да отвораат по фрижидерите, а на реакцијата на вработените да платат, дел од нив биле насилни.

Набрзо по пријавувањето, на местото биле испратени полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, кои извршиле комплетен увид. Со случајот е запознат и јавен обвинител.

- Последиците од нарушувањето се фотодокументирани и интензивно се работи на идентификување на инволвираните. По целосното расветлување на сите поединости поврзани со случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега