Голема трагедија се случи на свадба: Си го убил братот кога тргнале по невестата

Во селото Крајк во општината Призрен пред неколку дена се случила голема трагедија на една свадба. Имено, брат си го убил братот. Во овој инцидент повредени биле уште три лица.
 
Се сомнева дека повод за злочинот било несогласувањето помеѓу браќата. Инаку, двајца браќа се договориле автомобилите со кои требало да одат по невестата да бидат паркирани во нивната заедничка парцела, меѓутоа третиот брат тоа не го дозволил.
 
- Се претпоставува дека трагедијата се случила поради паркираните возила на заедничкиот имот на тројцата браќа. Во оваа трагедија едно лице е убиено, четворица се повредени, изјавил за РТК Весел Гаши.
 
Трагедијата се случила во моментот кога сватовите тргнале по невестата.
 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега