Келнерот Саво пронашол торбичка со 42.000 евра во кафулето каде што работел

Пронашол женска торба со 42.000 евра во неа и ја предал на полицијата. 21 годишниот келнер Саво Петровиќ од српската општина Љубовлија, на границата со БиХ,  е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи кога се решил да торбичката веднаш да и ја предаде на полицијата.
Тој за српските медиуми вели дека воопшто не размислувал дали да ги врати парите. Видел дека станува збор за голема сума но не пребројувал. Точниот износ го дознал кога полицајците од него побарале да се потпише на изготвениот записник.
Вели дека е зачуден што некој носи толкава сума со себе.
Вели дека од пронаоѓањето на торбичката во кафулето во кое работел поминала повеќе од една седмица но се уште никој не го контактирал за да му се заблагодари.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега