Филмска потера во Велес: Пукање со калашников во центарот на градот

Маж вооружен со автоматска пушка вечерва околу 19:20 часот се обидел да ограби менувачница во Велес, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, 36 годишниот маж маскиран влегол со оружјето во менувачница во центарот на Велес и побарал од вработениот да му ги даде парите. Работениот не се согласил со тоа и избила тепачка. Во тој момент ограбувачот испукал 2 куршуми кои завршиле во таванот во менувачницата но за среќа не повредил никого.
Тепачката продолжила и надвор од менувачницата каде напаѓачот стрелал уште 2 пати но за среќа, повторно не погодил никого иако менувачницата била на прометно место каде што имало многу минувачи и деца кои си играле во околините игротеки. Еден од куршумите завршил во гумата на еден автомобил паркиран во близина.
Тогаш вработениот во менувачницата успеал да му ја земе рамката од автоматската пушка на напаѓачот кој се дал во бегство. На местото се нашол еден пензиониран полицаец кој успеал да го фати ограбувачот и заедно со вработениот да го совладаат и да го предадат на полицијата.

 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа