Спречен обид за грабеж на менувачница во Велес

 
Во Велес приведено е лице кое се обидело вечерва да ограби менувачница во центарот на градот со автоматска пушка, што ја одзел од вработениот. 
 
Како што информираат од СВР Велес, инцидентот се случил околу 19:20 часот кога во менувачницата лоцирана во Трговскиот центар влегло лице кое со пушката на вработениот се заканувало и сакало да ја ограби менувачницата.
 
- Засега непознато лице влегло во менувачница во Трговскиот и сакало да ја ограби. Ја зело автоматската пушка на вработениот и му се заканувало да му ги даде парите.Тогаш настанала тепачка меѓу нив двајцата при што разбојникот испукал два куршума. Потоа излегле надвор каде продолжила тепачката, а напаѓачот испукал уште два куршума, по што се дал во бегство. За среќа вработениот не бил повреден, информира  портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
 
Напаѓачот бил фатен од група граѓани кои се затекнале на местото на настанот, меѓу кои имало и полицајци кои не биле на служба, а кои потоа го привеле.
 
На лице место се екипи на СВР Велес кои работат на расветлување на случајот, информира Стојковска
 

 

Оцени ја веста

07.09.2015 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега