Полициска акција „Гора“ - казнети 47 лица

- Во рамки на оперативната акција „Гора“, во текот на минатиот месец Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до Основното Јавно обвинителство - Скопје поднесе пет кривични пријави против 47 лица, од кои 46 се од Скопје и едно лице е од Велес, за сторени вкупно 9 кривични  дела: три дела „кражба“, по две дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „помагање в.в. злоупотреба на службена положба и овластување“ и по едно кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“, „фалсификување исправа“ и „прикривање“. 

Во првиот случај, соопшти денеска МВР, поднесена е кривична пријава против 43 лица, од кои 42 од Скопје и едно од Велес, за сторени вкупно пет кривични дела: „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“, „фалсификување или уништување деловни книги“, „помагање в.в. злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

Во соопштението се појаснува дека злопотребувајќи ја својата службена положба и овластувања едно лиценцирано лице за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на сопственик и управител на Друштво за трговија и услуги ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје во текот на мај, јуни, јули и октомври минатата година, спротивно на одредбите од Законот за шуми при постапување по барањa за издавање одобрениja за сеча поднесени од останатите 42 кривично пријавени лица за катастарски парцели во катастарските општини Танушевци, Брест, Палиград, Алдинци, Патишка Река, Црн Врв, Црвена Вода, Моране, Огњанци и Пчиња, заверил записници дека наводно извршил теренски увид на лице место на катастарските парцели на кои се однесуваат барањата за сеча во кои навел дека констатирал дека се исполнети условите за сеча на огревно дрво. Врз основа на записниците со невистинита содржина, иако знаел дека на катастарските парцели не извршил ознака за сеча и не констатирал постоење на дрвна маса за сеча изготвил и со свој потпис и печат на правното лице ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ-Скопје заверил и на пријавените лица им издал Одобренија за сеча со невистинита содржина. Потоа врз основа на вака издадените Одобрениjа за сеча иако знаел дека на катастарските парцели не е исечена дрвна маса, изготвувал и издавал испратници со невистинита содржина заверени со печат и потпис, со цел истите да извршат легален транспорт и продажба на бесправно исечените огревни дрва од туѓа шума на трети лица.

По основ на наплата за наводно извршена ознака за сеча во износ од 300 денари за 1 м3 за одобрена вкупна дрвна маса за сеча (2751,4 м3 х 300,00 денари), се посочува, тој се стекнал со противправна имотна корист во износ од 825.420 денари, а истовремено согласно  Правилникот за висината на цената за штети во шума според кои за огревно дрво бука висината на штетата изнесува 7.000 денари за 1 м/3, ја оштетил заедницата за износ од 12.811.400 денари за вкупно исечена и изнесена дрвна маса во количина од 1830 м3.

Во вториот случај кривично пријавено е лице од Скопје за сторењно кривично дело „прикривање“. Пријавениот кон крајот на јули годинава купил огревни букови дрвја во количество од 4,2 м3, по цена од 2.500,00 денари за 1 м3 иако при купопродажбата увидел дека огревните дрва не биле жигосани со јасно видлив шумски жиг, дека не му биле испорачани со испратница издадена од страна на продавачот на негово име, ниту добил било каков документ, како и дека цената по која му се продадени била многу пониска од реалната продажна цена на пазарот (која изнесува од 2.970,00 денари до 4.000,00 денари за 1 м3 дабово дрво) од што знаел дека дрвата се прибавени со кривично дело „Кражба“ (чл.235 ст.3 в.в ст.1).

Во третиот случај, стои во соопштението од МВР, пријавено е лице од Скопје за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот во текот на годинава откако претходно од туѓа шума одзел бесправно исечени букови и дабови дрва во количина од 7,50 м3, дрвата ги складирал во дворното место на неговата викендица во село Јаболци – Скопје, со што ја оштетил заедницата за износ од 52.500,00 денари.

Во четвртио случај идентично на претходниот лице од Скопје извршило кривично дело „кражба“, при што на 17 минатиот месец откако претходно од туѓа шума бесправно исекол 2 м3 огревно буково дрво, ги натоварил во патничко моторно возило „Форд Транзит“ (сопственост на друго лице за кое тој не поседувал полномошно ниту договор за купопродажба на моторно возило), по што со возилото се упатил за да ги превезе до непозната дестинација. Истиот ден, околу 20:30 часот, во село Брњарци во обид да биде запрен од страна на полициски службеници од ЕПОИ Алфа, истиот ја зголемил брзината на движење и не застанал на дадени звучни и светлосни сигнали, туку продолжил со движење кон село Сингелиќ, при што кога пристигнал во село Сингелиќ додека возилото се движело тој го напуштил истото и се дал во бегство, a возилото удрило во бетонски ѕид каде што и застанало. Со наведеното кривично дело пријавениот ја оштетил заедницата за 14.000 денари.

И во петиот случај, соопшти МВР, поднесена кривична пријава против лице од Скопје за кривично дело „кражба“. Имено, пријавениот откако претходно на точно неутврдено време и место во текот на 2014 година од туѓа шума одзел огревно дрво даб во количина од 2,1 м3, бесправно исечените дрва ги пренел и складирал во дворното место на неговиот дом во с.Црешево-Скопје. Со наведеното, пријавениот ја оштетил заедницата за 14.700,оо ден.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега