Како на филм: Избеган затвореник сакал да ограби менувачница во Велес, вработениот му се спротиставил

Во Велес приведено е лице кое се обидело синоќа да ограби менувачница во центарот на градот со автоматска пушка, што ја одзел од вработениот. 

Како што информираат од СВР Велес, инцидентот се случил околу 19:20 часот кога во менувачницата лоцирана во Трговскиот центар влегло лице кое со пушката на вработениот му се заканувало и сакало да ја ограби менувачницата. 

- Засега непознато лице влегло во менувачница во Трговскиот и сакало да ја ограби. Разбојникот му се заканувал да му ги даде парите.Тогаш настанала тепачка меѓу нив двајцата при што разбојникот испукал два куршума. Потоа излегле надвор каде продолжила тепачката, а напаѓачот испукал уште два куршума, по што се дал во бегство. За среќа вработениот не бил повреден, информира  портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

Напаѓачот бил фатен од група граѓани кои се затекнале на местото на настанот, меѓу кои имало и полицајци кои не биле на служба, а кои потоа го привеле. 

Осомничениот е задржан во СВР-Велес, со истиот е извршен разговор и се работи на целосно расчистување на случајот како и негова инволвираност во извршување на други кривични дела. Инаку осомничениот моментално е во бегство од затворот во Штип каде издржува 10–годишна затворска казна заради извршени кривични дела.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега