Детали за сообраќајката кај Александар Палас - тинејџер се бори за живот

Две лица се тешко повредени во страшна сообраќајна несреќа која вчера вечерта околу 20 часот се случила спроти Хубо маркетот кај „Александар Палас“. До несреќата дошло при судир на автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управуван од 61-годишниот С.К. и мопед  „апаче“, кој го управувал 18-годишниот А.А. на кој се наоѓала и неговата сопатничка Н.В.

Во несреќата тешко повредени се младото момче кое се бори за живот, како и 18-годишната сопатничка која била пренесена во ГОБ „Наум Охридски“, каде е задржана на понатамошно лекување.

Полицијата изврши увид.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега