Крива Паланка трага по пироманот кој подметнал 5 пожари

Пожарникарите  од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Крива Паланка за три дена интервенирале на пет пожари во кривопаланечкото село Трново, сите на иста локкација.
 
Според податоците на командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, станува збор за подметнати пожари, а полицијата е на терен и трага по пироманот кој ги предизвикува.
 
- Во селото Трново, место викано Самоков во еден ден се случија четири пожари. На петти септември нашата единица интервенираше четири пати за осум часа на истата територија. Дојавите за пожарите се примени на временско растојание од околу два и пол часа, односно првиот е пријавен на 5 септември во 13 часот и 20 минути, следниот во 15:40 часот, наредниот во 18:20 и последниот истиот ден во 21:15 часот, информира Коцевски.
 
Тој рече дека за среќа огнот веднаш го забележале мештаните и почнуваат да го гасат навремено, благодарение на што истиот брзо е локализиран, а подоцна ликвидиран.
 
- Четвртиот пожар кој настанал вечерта можел да зафати и 11 пчелни семејства на фамилијата која учествувала во гасењето на огнот. Петтиот пожар настана на седми септември околу 1 часот ноќта во истиот атар, но успешно е изгаснат. Пожарите настанале на ист начин, од намерно запалена собрана сува трева, а пироманот сеуште не е откриен, рече Коцевски.
 
Тој нагласи дека екипи од Полициската станица во градот се на терен и работат на откривање на сторителот, додека исклучок во сите интервенции е отсуството на екипи на Јавното претпријатие Македонски шуми, Шумско стопанство „Осогово“, Крива Паланка, кои учествуваа во гасење на пожар во село Герман во општина Ранковце.
Опожарена е вкупна површина во петте пожари изнесува 1,5 декари сува трева и еден стог сено.
 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега