Автомобил и автобус се судрија пред Охрид - повредени поголем број патници

Околу 11 часот на стариот пат Охрид- Струга се случила сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило и мини- бус, јавува Охрид Њуз

Според неофицијални информации, во директниот судир на двете возила со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило, додека седум патници од мини- бусот биле хоспитализирани. Шест од нив по укажана лекарска помош се пуштени на домашно лекување, а едно лице од превентивни причини е задржано во болница.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега