Ужас во Скопје: Дадилка наместо да го негува, малтретирала бебенце

Дадилка малтретирала и грубо се однесувала кон деветмесечно бебенце во Скопје, пишува Курир.

Родителите на бебето ја ангажирале дадилката да го чува и негува, но наместо тоа, таа го малтретирала и грубо се однесувала кон него.

МВР против неа поднесе кривична пријава, па Основното јавно обвинителство - Скопје, поведе постапка против едно лице кое се сомничи дека малтретирало 9-месечно дете.

По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години.

При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото.

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега