Вонредна временска прогноза: УХМР најавува многу дожд и силен ветер ноќеска

Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од  дожд со променлив интензитет, особено обилни врнежи проследени со грмежи и со засилен ветер се очекуваат во ноќните часови

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.  На повеќе места повторно ќе бидат обилни проследени со грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме, со  електрични празнења. Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните и југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската темература ќе се спушти од 12 до 19, анајвисоката дневна ќе се искачи само од 15 до22 степена.

Во Скопје утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследено со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17 а дневната ќе достигне само до 20 степени.

Врнежи од дожд ќе има и в петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат

Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа