МВР: Мерките против „лажните азиланти“ од Македонија се преземаат во континуитет

Мерките за спречување на т.н. лажни азиланти од Македонија кон ЕУ-земјите се преземаат во конинуитет без оглед на актуелната бегалска криза, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски во врска со коментарите на некои европски претставници дека бранот бегалци го искористуваат и државјани на земјите од Балканот со што се зголемува нивното присуство и барања за азил во западните земји.

- Република Македонија во континуитет уште од донесувањето на одлуката за визна либерализација презема низа мерки и активности за спречување на бранот на т.н. азиланти. Без разлика на бегалската криза со која што се соочуваме деновиве продолжуваме да преземаме такви мерки. Мерките се главно во две насоки. Едната е превентивно работење во оние средини од каде што имаме сознанија и податоци дека доаѓаат т.н. лажни азиланти. Вториот пакет мерки кои се преземаат од страна на МВР се репресивните мерки. Имено, како што е веќе познато РМ направи измени и во Кривичниот закон и воведен е нов член со којшто практично и се санкционира злоупотребата на визната либерализација, така што досега во голем број на случаи се поднесувани и кривични пријави против лица коишто ги манипулираат македонските државјани лажно ветувајќи им дека ќе добијат азил во некоја од побогатите земји-членки на ЕУ, а продолжуваме со несмален интензитет да работиме во таа насока и во наредниот период, рече Котевски по промоцијата на кампањата за јакнење на капацитетите на органите за спроведување на Законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица.

 

 

Оцени ја веста

10.09.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега