ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши и бега од избори за да не се соочи со народот

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се криела од својот народ и секогаш била подготвена да ја слушне неговата волја на избори, за разлика од СДСМ која како и досега па така и сега се плаши и бега од изборите, па затоа смислува нови услови, не сака договори само за да не се соочи со народот, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Петре Шилегов.

- ВМРО-ДПМНЕ се оградува од лагите на СДСМ околу договорот од Пржино и изборот на специјален обвинител. Тоа што е договорено ќе се реализира, а најдобар показател за тоа е фактот дека Никола Груевски инсистира да има Специјален Јавен Обвинител, како предуслов СДСМ конечно да се појави пред народот и да го погледне во очи, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во СДСМ има синдром на рушење и страв од пораз на следните избори. Партијата посочува дека просторот пред Владата ќе биде отворен и хортикултурно уреден.

- Би сакале да му порачаме на господинот Шилегов дека единствената ограда која стои меѓу него и Владата на Република Македонија не е физичката, направена од ковано железо, туку онаа ограда меѓу СДСМ и народот на Република Македонија направена од тенеќе која ја поставуваат самите со својата очајна политичка понуда, наведува ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

Оцени ја веста

10.09.2015 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега