Попоски: Македонија размислува да гради ограда на својата граница за да го сопре приливот на мигранти

Македонија ја разгледува можноста за изградба на ограда на својата граница слична по примерот на Унгарија за да го сопре големиот прилив мигранти, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за унгарскиот неделник „Фигело“.

Во интервјуто тој нагласува дека Македонија најверојатно ќе и биде потребен некој вид на „физичка заштита“, иако тоа нема да биде долгорочно решение. 

- Но, ако се земе сериозно што Европа бара од нас, ќе биде потребно и тоа да го направиме исто така. Или војници или ограда или комбинација од двете, вели Попоски во изјавата што ја пренесуваат британски Телеграф и Ројтерс. 

Шефот на македонската дипломатија додава дека Македонија прави најдобро што може за да ги регистрира сите мигранти.

- Но, кога и да ги земеме сериозно барањата од нашите европски партнери за тоа што треба да направиме во обид да ја контролираме границата и да ги запреме луѓето, ние веднаш добиваме негативни меѓународни реакции, вели Попоски во интервјуто за „Фигело“.

 

 

Оцени ја веста

10.09.2015 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега