Трагедија: Мајка и син пронајдени мртви во својот дом

85-годишната Катерина која била неподвижна и 54-годишниот  син Драгутин се пронајдени мртви во нивната куќа. Тие живеле во мала трошна куќичка и во лоши услови пренесуваат хрватските медиуми. 

Нивните беживотни тела ги пронашла полицијата, која ги повикал другар на Драгутин. Од полицијата соопштиле дека мајката и синот не биле убиени. Последен пат биле видени минатиот викенд.

Кога Драгутин не му се јавил на својот пријател неколку дена, отишол до неговата куќа и почуствувал лоша миризба и веднаш повикал полиција. Кога полицијата влегла ги пронашала телата.

Телата биле во фаза на распаѓање и не можела полицијата да соопшти од што настанала смртта.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.09.2015 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега