Големо невреме - „реки“ течат низ улиците

Невреме, со обилен дожд и силен ветер,  доцна попладнево го зафати јужниот дел од албанското крајбрежје.

Како што јавуваат албанските медиуми најпогодени се градовите Саранда и Валона, каде има дури  превртени кранови кои служат за утовар и растовар на стока од бродовите на пристаништата во овие приморски градови.

Крановите при падот оштетиле и рибарски бротчиња, но за сламка се спасиле повеќе рибари.

Обилните дождови предизвикале вистински реки по улиците, посебно во Саранда, поплавени се повеќе куќи и дуќани.  

Невреме имало и во други градови во јужниот дел на Албанија, што било проследено и со грмежи и електрични празнења.

 

 

Оцени ја веста

10.09.2015 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега