"Ми велат дека сум херој а јас го правам ова секој ден"

Јас немам мои деца, па затоа секој пат кога ќе ги видам тие малечки дечиња како бегаат и се плашат, нешто се корне во мене. Ми доаѓа да заплачам. Тоа е моја професија да ги спасам, но пред се сум човек. Ова го изјави сега најпопуларниот полицаец на Балканот, Ариф од Србија, кој со својата фотка на која теши и прегрнува дете мигрант трогна многумина.

- Колегите ми рекоа дека сум излегол на Си-Ен-Ен, но јас ова го правам секој ден! Не ја ни видов новинарката која ме фотографирала и направила прилог. Ова е моја должност, за мене сите дечиња се исти, вели тој ексклузивно за српскиот Курир.

Колегите на Ариф велат дека е добар човек и одличен полицаец. Велат дека е многу скромен па затоа не му годи популарноста.

Инаку, Ариф има 34 години, не е женет и нема деца. Го изгубил татка си во сообраќајка на шест години. 

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега