Куќата на Драган е проколната - му влетале со автомобил преку 50 пати

Куќата на 79-годишниот Драган Омерковиќ од Алексинац, Србија, која се наоѓа на многу лоша кривина, дефинитивно е проколната. Во неговиот двор автомобили му влетале повече од 50 пати. Последната сообраќајна несреќа се случила во август годинава.

- Кога ќе застанам во дворот имам страв и чудно чувство. Се плашам некој да не налета на мене или на некој член на моето семејство. Вака не може да се живее. Тука сум веќе 50 години, во близина има и училиште и деца. Навистина е баксузна оваа куќа, вели Драган, за српскиот Ало.

Надлежните велеле дека ќе му помогнат, но од помошта ништо.

- Кога возачите ќе загубат контрола, удираат во тротоарот, па влетуваат во мојата куќа, вели Драган.

Србинот моли некој да му помогне.

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега