Уапсени двајца полицајци - скинале казни за сообраќајни прекршоци во вредност од 4 милиони денари

Двајца полицајци од Хрватска ќе одговараат кривично откако нивните колеги ги фатиле како примаат мито за да сторнираат казни за направени сообраќајни прекршоци. Според информациите кои ги објавија хрватските медиуми, полициските службеници во повеќе наврати ги бришеле видео снимките од возачите кои биле фатени како прават сообраќаен прекршок, најчесто за брзо возење. На тој начин, успеале да уништат околу 600 доказни видеа. Тие исто така успевале да ги сокријат и записниците за направени пркршоци, за што на возачите им наплаќале по околу 30 евра.
За помалку од две години полициските службеници успеале да уништат казни во висина од околу 4.000.000 денари или нешто над 65.000 евра

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега