Синоќа тешка кражба во Ѓорче

Непознат сторител вчера од продавницата за очила „Белла Виста“ во Ѓорче Петров украл 50 очила за сонце разни марки, во вредност од околу 360.000 денари.

- Вчера во 03:00 часот во Скопје на улицата „ Ѓорче Петров“ непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во продавницата за очила „Белла Виста“ од каде одзел околу 50 очила за сонце разни марки, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 360.000 денари, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега