Му извадил пушка среде улица во Скопје - интервенирале Алфите

На улицата „Јани Лукровски“ во Скопје вчера околу 16 часот и 45 минути се одвивала вистинска драма кога 39-годишниот  М.И. кој бил заедно со негов пријател во патничко возило „пасат“, по даден знак од сирената на неговото возило за вклучување во сообраќај, од друго патничко возило кое било пред бил нападнат од непознато лице кое излегло од автомобилот. Насилникот се разгневил и му вперил пушка – пумпарица кон возилото на скопјанецот, а за среќа по кратко време заминал од местото на настанот.

Полициски службеници од единицата „Алфа“ го пронашле лицето и го привеле, по што е утврдено дека се работи за 34-годишниот Б.М.од Штип.

Со Б.М. е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега