Скопјанка поради љубовна мака се расекла по цело тело - ја донеле во болница во безсознание

Хирург, реаниматор и психијатар од штипската клиничка болница, спасувале млада скопјанка која поради невозвратена љубов се расекла по целото тело. ТВ Стар го пренесува хоророт кој ја потресе Македонија, откако 20-годишна скопјанка како итен случај е донесена од Пробиштип со сериозни исекотини по рацете, телото и лицето кои си ги направила сама, а со оглед на тоа дека раните биле сериозни, докторите едва ја спасиле да не искрвари до смрт.

Најзагрозувачки биле исекотините по рацете, зашто биле повредени витални крвни садови, па за да си сошијат и да го сопрат крварењето на штипските лекари им требало многу време.

Таа во болницата била донесена во преткоматозна состојба поради големата количина на загубена крв.

Причината за ваква суровост кон себе, била љубовна мака. Неа пред само неколку денови ја оставило момчето од Пробиштип, поради што таа паднала во тешка депресија. Убедена дека љубовта ќе си ја врати назад, таа заминала кај него дома, но откако тој не попуштил пред нејзините убедувања и аргументи, на неа и попуштиле нервите, па со скршено шише си го испосекла телото пред негови очи, пренесува „старплус" на ТВ Стар.

 

 

Оцени ја веста

12.09.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа