Влегле со пиштоли - хорор за вработени во Куманово

Две непознати лица ноќеска ја ограбиле бензинската пумпа „Китка Петрол“ лоцирана на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка во населбата Карпош.

МВР соопшти дека 25 минути по полноќ две машки лица маскирани со фантомки на глава, ракавици и пиштоли во рацете, влегле во бензинската пумпа. Едното лице му вперило пиштол во глава на вработениот и два пати го удрило со пиштол во предел на главата, му ги одзел парите од дневниот пазар, а потоа и парите од фиоката. Другото лице влегло во канцеларија кај втората вработена и со закана и барало пари.

Сторителите, според МВР, одзеле повеќе кутии цигари и лименки со пијалоци, по што побегнале во непознат правец. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на непознатите лица. 

 

 

Оцени ја веста

12.09.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега