Хорор ноќ во Скопје: Младо момче прободено пред споменикот „Филип Втори“

Група непознати лица ноќеска на платото пред споменикот „Филип Втори“ во Скопје нападнале 22-годишно момече прободувајќи го двапати во пределот на градниот кош.

Министерството за внатрешни работи информира дека околу 3 часот по полноќ додека 22-годишниот М.Ј. кој со две лица се движел кон „Стоковна куќа Мост“, бил нападнат од 4-5 лица и со остар предмет, најверојатно нож бил прободен два пати во пределот на градниот кош. Од страна на Итна медицинска помош пренесен е во Градската општа болница за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

Оцени ја веста

12.09.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа