„Дамјановски молчи за лажните ветувања, ВМРО-ДПМНЕ со низа проекти“

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, и понатаму не сака да одговори на барањата кои секојдневно му ги поставуваат граѓаните, не сака да одговори до каде е реализацијата на ветените проекти за кои ја доби довербата на граѓаните.

Ова го истакнаа на пресконференцијата од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово и истакна дека ќе се демантираат тврдењата на СДСМ Куманово дека ВМРО-ДПМНЕ не ги извршувало ветените проекти.

-Проект Рехабилитација на автопатска делница Куманово-Миладиновци. Рок на завршување на овој проект е крај на 2017 година. Градежните активности на овој проект ќе отпочнат во февруари 2016 година, согласно предвидениот план и динамика. Проценетата вредност на проектот е 16 милиони евра.

-Проект изградба на експресен пат Куманово-граница со Бугарија, со можност за идно прераснување во автопат. Рок на проектот е на крајот на 2018 година, а во фаза е изготвување на проектна документација и градежните активности ќе отпочнат во втората половина на 2016 година. Проектот е вреден 66 милиони евра.

-Проект реконструкција на далноводот ТС Скопје 1 – ТС Куманово 1. Проектот е во фаза на реализација и вредноста му е 1 милион евра.

-Проект Градиме 145 училишни сали. Предвидено е изградба на спортска сала во основно училиште во Куманово, но рокот е во 2018 година со соодветна динамика од 10 до 15 спортски сали годишно, а инвестирани се околу 23 милиони евра. Изградени се 82 спортски сали, а две има и во Куманово.

-Проект Санација и реконструкција на постојни станици за прочистување на отпадни води. Рокот е во 2018 година.

-ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Република Македонија која воведе програма дефинирана со прецизни рокови и финансиски средства, а владата на ВМРО-ДПМНЕ е прва во историјата на Република Македонија која ги реализира проектите согласно предвидени рокови и динамика. СДСМ наместо да шири невистини и лаги, наведувајќи дека не се реализирани проектите од нашата програма, кои се во фаза на реализација или реализацијата е предвидена во следните години, треба да си направи своја програма и своја понуда, истакна тпретставник на комитетот

Како што истакнаа, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, продолжува со запознавање на кумановската јавност со сите ветени, а нереализирани проекти од страна на градоначалникот Зоран Дамјановски.

-Почитуван градоначалник, прашуваме каде е ветената современа, урбанизирана технолошко индустриска развојна зона во атарот на село Речица од 60.000 метри квадратни со излез на автопатот Е75? Во рамките на зоната, според вашите ветувања и прогнози, требаше да се отворат 60 стопански објекти со проекција од 2.500-3.000 работни места. Зошто, иако ветивте, на Куманово не му обезбедивте технолошко индустриска развојна зона? Зошто поради вашата негрижа и неспособност Куманово да биде хендикепирано во погледот на странските инвестиции кога во РМ секојдневно се отвораат нови фабрики во технолошко индустриските развојни зони? Ќе понесете ли каква било одговорност за вашите неуспеси како еден од најлошите градоначалници во Република Македонија, истакнаа од комитетот.

За крај од општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ Куманово додадоа дека граѓаните на Куманово и општина Куманово не заслужуваат таков градоначалник.

 

 

 

Оцени ја веста

12.09.2015 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега